Градот Прилеп ќе му подигне спомен плоча на Ненад Серафимоски, припадник на полициските сили кој го загуби животот во судирот со терористите во кумановско Диво Насеље.

Спомен-плочата ќе биде во паркот кај Основниот суд, одлучија советниците на последната седница на Општинскиот совет.

– Иницијативата што ја прифатија прилепските советници е на барање на семејството на загинатиот припадник на полициските сили Ненад Сераимоски, кој извршувајќи ја сојата должност загина во настаните поврзани со Диво Насеље, рече претседателот на Советот Миле Талески.