Прилепските пензионери и денеска ги продолжија протестите, а кои први во Македонија ги започнаа на почетокот од месецов. Сега, уште повеќе револтирани и гневни, особено по масовниот протест во Скопје и по изјавите на ресорната министерка Тренчевска дека нивните барања биле неуставни, а тие – партиски инструирани. Се закануваат дека членарината ќе ја уплаќаат во Фондот, наместо во Здруженијата, бидејќи од здруженијата не добивале никаква поддршка. Велат дека се чувствуваат крајно навредени и понижени, зашто тие само си ги барале правата за да си обезбедат подостоен живот, а не да имаат живот на питачи кои клечат и молат за леб. Прилепските пензионери, со едноминутно молчење оддадоа почит и на завчера починатиот пернзионер од Неготино кој загина одејќи на протестот во Скопје.
– „Одењето во Скопје мислев дека ќе вроди со плод. Ама, после она кажување и изјава на министерката дека не знаеме што бараме, толку ме изнервира. Ние овдека сите што сме собрани и сите од цела Македонија немој да мисли таа дека сме малоумни, дека не знаеме што бараме, дека само ни пикаат под нос дека сме партиски – да и’ кажеме – партија овде не мешаме, а кога ќе дојде партиски да гласаме, тогаш ќе и’ кажеме на министерката како се гласа и што се гласа. А сега ние овде сме како Здружение на пензионери, ќе си ги барме тие 3.500, па макар таа не’ правеле и будали и ненормални. Не знам шо мисли женана, ами сите ние сме возрасни над 70 години. Јас точно знам што барам, само да можам да се дочепам до нејзе, а не сношти внучето од Германија ми вели, бабо дали ти требаат пари да ти пратам. И јас ќе ја молам, не’ клекнаа на колена, луѓе, на колена не’ клекнаа, не’ дотераа дотаму уште вака да просиме за тие 3.500 ден. Kако не се срaмат, та и овој овде што седи, а и тие таму. Не донесоа на рaбот на животот, на рaбот сме“, – кажа Билјана Шеќероска, пензионерка.
– „Да и’ се обратам на министерката што даде таква изјава. Јас за нејзе гласав и им се извинувм на овие пензионери овде што сум гласал за нејзе. Значи, претходнтата министерка што беше, сношти изезе на телевизија и кажа – може линеарно да се поткренат пензиите и нека не не’ лаже сегашнава“, рече Ангеле Савески, пензионер.
Каролина Дурло/ТВ АЛФА