Многу луѓе ширум светот имаат само пофални зборови за актерот Кијану Ривс, а дека е голем човек, покажа и во следната ситуација. Имено, холивудскиот актер и другите патници, поради механички дефект на авионот, наместо во Лос Анџелес слетале во Бејкерсфилд, 160 км од „градот на ангелите”.

Кијану повторно покажа дека е цар. Тој за себеси и за сите останатите патници обезбеди превоз до Лос Анџелес, и за време на патувањето пуштал кантри музика.