Регионалните влади и медиуми ја поздравија одлуката на Владата на Република Македонија и Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за воведување на нови регистарски ознаки и GPS-систем за следење на движењето на службените возила.

Како што пренесуваат медиумите од Црна Гора, Србија и Албанија, оваа мерка се смета за „исчекор кон поголема транспарентност, рационалност и модернизација на јавниот сектор“. Новите обележја ќе овозможат јасно разликување на службените возила од приватните, а GPS-технологијата ќе овозможи увид во нивната намена и рационално користење.

Одлуката е дел од пошироката владина стратегија за ефикасно управување со јавните ресурси и борба против злоупотребите. Владините претставници нагласија дека ова е само еден сегмент од заложбите за воведување европски стандарди во јавната администрација.

– Оваа мерка покажува дека Македонија сериозно ја сфаќа транспарентноста и отчетноста, нешто што е пример и за останатите земји во регионот, наведува еден од регионалните портали.

Sjeverna Makedonija uvodi red u javni sektor: Nova registarska obilježja i GPS za službena vozila

Со ваквите потези, Македонија се позиционира како предводник во воведувањето современи и одговорни практики во управувањето со јавните институции, што дополнително ја зајакнува довербата на граѓаните во институциите и ја поттикнува регионалната соработка.