За прв пат по околу две години, навивачите на Реал Мадрид имаат повеќе причина да се насмевнат од Барселона во однос на настапот во Ла Лига. „Белиот балет“ ја совлада Селта со 3:1 како гостин, а шампионите претрпеа болен пораз од Атлетик (Билбао) со феноменален гол на Ариц Адуриц во 88-та минута.
Така, за прв пат по цели 818 дена, Реал Мадрид е пред Барселона во пласманот во Примера дивизион. Последниот пат кога се случи ова беше на крајот на сезоната 2016/17 година, кога „Лос Бланкос“ станаа шампион.
Изданието „Марка“, сепак, известува дека за прв пат од сезоната 2007/08 година, Реал е пред Барса на табелата, по одигрувањето на првото коло, а тогаш „Лос Меренгес“ исто триумфираа и со титулата.
Следниот натпревар од Ла Лига за Реал Мадрид е на домашен терен против Ваљадолид, додека Барселона го пречекува Бетис.