Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез ги постигна двата гола за неговиот тим во синоќешниот натпревар (2:2) со Селта од 22. коло во Примера.
Триесет и четиригодишниот Уругваец го постигна својот 16-ти лигашки гол по само 20 одиграни натпревари на Атлетико сезонава. Суарез исто толку погодоци имаше за цела сезона 2019/20 кога настапуваше за Барселона.
Атлетико Мадрид е лидер на табелата во Шпанското фудбалско првенство со 51 бод од 20 натпревари, пред Барселона и Реал Мадрид кои имаат по 43 бод од 21 одигран меч.