Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски денес и официјално беше претставен како нов играч на Мајорка.
Крилниот напаѓач стави потпис на четири годишен договор со шпанскиот тим, за кој оваа сезона ќе биде прва во Примера после шест години.
Трајковски доаѓа од Палермо каде помина четири сезони. За клубот од Сицилија одигра 113 натпревари, во кои реализираше 20 гола и 16 асистенци.