Принцезата Кејт Мидлтон и принцот Вилијам при посетата на Северна Ирска промовираа корист од спортот и престојот на отворено при развојот на децата.
На видеата што ги објави Кенсингтонската палата се гледа како кралската двојка заигра фудбал на стадионот Виндзор Парк во Белфаст , на кој игра репрезентацијата на Северна Ирска. Тие промовираа вклучување на жените во носењето одлуки во спортот.
Кејт и Вилијам не ги понесоа децата во Ирска , така што можеа да се опуштат и да се напијат пиво . На видеото се гледа како принцезата Кејт точи пиво во пивница , додека Вилијам и прави друштво.