Кејт, принцезата од Велс, денес изјави дека морала да биде храбра за време и по третманот за рак минатата година, велејќи дека искуството ѝ го променило животот.
Кејт рече дека фазата по завршувањето на третманот за рак е навистина тешка бидејќи бара враќање во нормалниот живот, објави Ројтерс.
За време на посетата на болница во Есекс, југоисточна Англија, принцезата Кејт ја нагласи важноста на поддршката по третманот на ракот, истакнувајќи дека иако пациентите можеби повеќе не се под клиничка нега, тие честопати сè уште се борат да функционираат нормално дома како што некогаш функционираа.
Кејт, 43, објави во март минатата година дека ќе се подложи на хемотерапија откако тестовите направени по големата операција на стомакот покажаа дека има рак. Таа завршила курс на лекување во септември и изјавила дека е во ремисија претходно оваа година.