Ќерката на владетелот на Дубаи, шеиката Махра Бинт Мохамед Бин Рашид Ал Мактум, го напушти својот сопруг Ман Ал Мактум преку Инстаграм.
„Драг мажу, бидејќи си преокупиран со други, вака го објавувам нашиот развод. Се разведувам од тебе. Чувај се. Твојата поранешна сопруга“, пишува во објавата.
View this post on Instagram
Двојката се откажала еден од друг на социјалните мрежи и двајцата ги отстранија сите објави на кои се појавуваат заедно на своите профили. Тие се венчаа пред нешто повеќе од една година, во мај 2023 година, а во мај оваа година добија ќерка. За оваа објава се уште никој официјално не проговорил – ниту „кралското“ семејство, ниту наводно напуштениот сопруг.
Некои мислат дека нејзиниот профил бил хакиран, додека други ја слават нејзината „храброст да се залага за нејзините права“. Како и да е, сигурно е дека за оваа приказна ќе се слуша повеќе… Инаку, Махра е ќерка на Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетелот на Дубаи и премиер на Обединетите Арапски Емирати. Студирала во Обединетото Кралство и редовно се залага за правата на жените во нејзината земја. Нејзиниот сопруг, од друга страна, е познат по дружењето со озлогласениот Ендру Тејт, самопрогласен женомрзец, обвинет за трговија со луѓе и силување.