Приоритет на Вишеградската група (В4) останува Западен Балкан. Со таков став беа денеска министрите за надворешни работи на Полска, Чешка, Словачка и Унгарија во Лоѓ, според кои – не само европска интеграција на тој регион, туку и помош во борбата против пандемијата со Ковид-19 се приоритети.
„Денешните разговори потврдија дека поддршката на Вишеградската група за Западен Балкан мора да остане еден од приоритетите за следните месеци и години, како во борбата против пандемијата со Ковид-19, така и во натамошната поддршка за нивната евроатлантска ориентација”, нагласи на денешната прес-конференција по состанокот во Лоѓ, полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау.
На крајот од полското претседателство со Вишеградската група во јуни, министерот Рау најави уште еден министерски состанок, овојпат со министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан. Министрите за надворешни работи на В4 разговараа и за можноста за координирање и изнаоѓање на заеднички позиции не само во рамките на Европската унија, каде што В4 често дејствува како единствен блок, туку и пошироко на меѓународно ниво – во ОН или во ОЕЦД. Во втората половина од годинава, Унгарија презема претседателство со В4