Во услови на температури под нулата последниве неколку дена, ширум Белгија е регистрирана појава на феноменот „ледена коса“ или уште познат меѓу народот како „кралска зимска брада“.
Според белгиските медиуми, појавата на овој феномен викендов е регистрирана во бриселската парк-шума Соањи, со Антверпен и во неколку други места во земјата.
Станува збор за редок феномен за чија појава се потребни соодветни временските услови. „Ледената коса“ се појавува на нискостеблести растенија или остатоци од исечени дрва што се наоѓаат на влажна, но не и замрзната земја и не треба да има ветер.
Појавата настанува кога водата што се наоѓа на растението или дрвото замрзнува при контакт со ладен воздух, вшмукувачки пори од него со помош на меѓумолекуларните сили и формирајќи форми кои наликуваат на прамени коса или човечка брада. Сепак, клучна за создавање на овие форми е габата Exidiopsis Effusa која мора да ја има на растението или дрвото. Без оваа габа би се создал обичен мраз, а само со неа е можна појавата на „Ледената коса“.
Фото: Интернет