Хомер во познатата Илијада, споменува дека легендарниот воин Ахил користел ајдучка трева (Achillea millefolium) за лекување на раните на неговата војска. Индијанците ја користеле за лекување на крварења, рани и инфекции, а според Ајуверда и кинеската медицина, ајдучката трева позитивно влијае врз работата на слезината, црниот дроб, бубрезите и уринарниот тракт.
Ајдучката трева одамна се користела во народната медицина, а како лековито растение голема примена има и во современата медицина. Ајдучката трева се користи при:
температура
настинки
нередовност на менструалниот циклус
дизентерија
дијареја
недостаток на апетит
проблеми со системот за варење на храната
за поттикнување на потењето.
Некои луѓе жвакаат свежи листови од ајдучка трева за намалување на забните болки.
Ајдучката трева го стопира крварењето, помага при хемороиди и вагинални инфекции, го забрзува зараснувањето исечениците и раните. Исто така ја зајакнува мускулатурата на матката и ја нормализира обилната и болна менструација. Третманот треба да се почне една седмица пред менструација со правење топли бањи од ајдучка трева. Горчливиот ахилеин, заедно со танините и витаминот К, ја прави билката погодна за сопирање на внатрешни и надворешни крвавења. Екстрактите од ајдучка трева се делотворни при цисти, воспаление на јајчниците и ендометриоза.
Во комбинација со други растенија, ајдучката треба се користи при надуеност, гасови, грчеви во стомакот и останати проблеми со дигестивниот систем. Цинеолот од етеричното масло ги уништува патогените микроорганизми и се употребува како антихелминтик (против цревни паразити).
Ајдучката трева содржи хемиски состојки кои имаат влијание врз крвниот притисок, а исто така има антиинфламаторни (против воспалитени) својства. Како резултат на диуретичните својства (поттикнување на мокрењето) и богатството во минерали (пред се калиум), ајдучката трева се применува за лекување на бубрежните заболувања. Таа го елиминира вишокот течности во организмот, поради што е корисна и при срцеви тегоби, особено против проблеми со циркулацијата (зголемен крвен притисок, ангина пекторис, срцеви отоци).