Институтот за комуникациски студии и редакцијата на „ДОМА“ денеска од 19 часот во Природонаучен Музеј на Македонија ќе одржат јавна презентација и предавање околу приказната за македонската пеперутка сивка, опасностите со кои се соочува како и за плановите за нејзината заштита.

Македонската сивка, македонски стеноендемит кој единствено може да се сретне на сувите и карпести ридови на Плетвар претставува најреткиот и истовремено најзагрозениот вид пеперутка во Европа.

Овој мал сив летач е соочен со многу предизвици и опасности од климатски промени, до уништување на неговото живеалиште и нелегална трговија.

Како што соопштуваат од ИКС, на предавањето ќе биде прикажан и истражувачкиот документарен филм „Природата на продажба“ кој беше изработен од ИКС во соработка со Дојче Веле.

Фото: Принтскрин „Природа на продажба“