Притворениот Зоран Милески – Кичеец, по негово барање од притворот во Шутка, бил пренесен во приватната клиника „Жан Митрев“ за да му биде извршена колоноскопија.

Како што објави Вечер од свои извори, Кичеец кој со Боки 13 се притоворени за случајот „Рекет“, бил пренесен на клиниката, а постапката колоноскопија ќе трае три дена.

„Целиот случај е сомнителен за јавноста и постои можност дека се интервенирало од Владата за Кичеец да излезе од затворот Шутка и да престојува три дена кај Жан Митрев за со него да се вршат контакти од страна на лица заинтересирани за случајот „Рекет“, бидејќи е сосема невообичаено процес на колоноскопија да се врши три дена и тоа во приватна клиника“, пишува Вечер.

Колоноскопија е тест, каде што лекарот со помош на колоноскоп (тенко црево) гледа во долниот дел на гастроинтестиналниот тракт (ректумот, дебелото црево и завршниот дел од тенкото црево). Колоноскопот се внесува преку анусот, во ректумот, натаму кон дебелото црево се до цекумот дел од дебелото црево каде се среќава со тенкото.