42 годишен жител на с. Желино е осомничен дека ги оштетил цевките за довод на кислород во тетовската болница, веќе е приведен.

Настанот се случи пред една недела и со тој чин се доведоа во опасност пациентите кои беа сместени во болницата и им беше неопходна кислородна поддршка. Во оштетувањето на системот за централен довод на кислорот во тетовската болница, насилно беа оштетени две бакарни цевки, од кои едната за компримиран воздух била скината, а втората за азотен оксидол била свиткана.

Др. Гзим Нуредини од тетовската болница за ТВ 24 вели дека тогаш во ковид одделението имало околу 125 пациенти и за среќа сите биле спасени бидејќи да имало оштетување на главната цевка за довод на кислород можело да заврши трагично по нечиј живот…

– Да имаше оштетување на главната цевка тоа ќе беше катастрофа и не би сакал да предвидам што би можело да се случи и што би можеле ние да направиме во тие моменти. Тоа би требало да значи транспорт на сите пациенти од сите одделенија, а имаме нетранспортабилни пациенти. Би ни требале час или два, а тоа би можело да биде трагично по нечиј живот. – изјави д-р. Гзим Нуредини- Ковид центар Тетово.

Од СВР Тетово велат дека по барање на болницата по инцидентот е зголемено присуство на полицајци околу објектите на болницата со цел на превенирање или санкционирање на секое евентуално и безбедно функционирање на оваа здравствена установа.