НККР при ОВР Прилеп денеска против Р.П.(46) поднесе кривична пријава до ОЈО Прилеп за сторено кривично дело  “обљуба со злоупотреба на положбата” по член 189 од КЗ на РСМ.
Како што соопшти МВР, 46-годишниот Р.П. бил пријавен од родител  дека извршил обљуба врз 15-годишна малолетничка.

Од страна на судија на претходна постапка определена му е мерка притвор во траење од 30 дена во КПУ Битола.