На 12.02.2026 околу 12:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода М.С.С.(54) од Сојузна Република Германија.

При гранични проверки и контрола на возило кампер „бенимар” со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се и одземени марихуана, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, дробилка и други предмети.

Запознаен е јавен обвинител и лицето е задржано во СВР Куманово.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.