Полицијата на Граничен премин „Табановце“, вчера, привела возач на фалсификуван „мерцедес“.
При контрола на патничко возило „мерцедес“ со српски национални ознаки, управувано од А.И. (59) од с.Чегране, гостиварско, а со место на живеење во Република Србија, било констатирано дека возилото е фалсификувано. „Мерцедесот“ имал вградено делови од украдени возила во Република Чешка и Италија, како и фалсификуван ВИН број.
Лицето било приведено и предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка, а возилото со потврда за привремено одземени предмети било одземено.