Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром, вчера приведоа 17-годишник од Скопје, кој непосредно пред тоа извршил тешка кражба во продажен објект на подрачјето на Аеродром, информираат од МВР.

Во координација со Јавен обвинител за малолетници и во присуство на родител со него е извршен разговор, при што тој во целост го признал делото и го појаснил начинот на извршување.  По комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.