Денеска (03.07.2025) во полициска станица во СВР Скопје е извршен службен разговор со Ф.Љ.(25) од Скопје, кој на 01.07.2025 околу 19:30 часот на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, со мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје.
По ударот го напуштил местото на настанот, а од здобиените повреди Ј.Н. почина во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Денеска Ф.Љ. е лишен од слобода и по документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.