До надлежното ОЈО Кавадарци покрената е кривична пријава против Д.К. (44) од Неготино поради постење основи на сомнение дека сторил кривично дело „убиство од небрежност“, односно дека на 20-ти овој месец го убил Ј.Д. (50) од село Тимјаник, Неготинско.
Како што соопшти МВР, кривичната пријава е поднесена денеска од Полициската станица Неготино во содејство со Секторот за општ и насилен криминал на Одделот за крим полиција при БЈБ на МВР. со што е расчистен случајот со Ј.Д. од с.Тимјаник, Неготинско, кој на 20 април, околу 18:30 бил пронајден починат во месноста викана „Селиште“- Копришница, атар на Општина Демир Капија.
-Полициски службеници од ПС од општа надлежност во Неготино во координација со ОЈО Велес извршија увид на местото на настанот и по насока на ЈО телото на починатото лице е предадено на обдукција и се преземени мерки за расчистување на случајот. Според документираните сознанија од истрагата на 19 април, околу 17 часот во посочената месност, Д.К. од небрежност со ловна пушка „ТОЗ 63“ истрелал во правец кон Ј.Д. нанесувајќи му устрелна рана во пределот на горниот дел од телото, наведуваат од МВР.
Д.К. заедно со кривичната пријава и доказниот материјал денеска е предаден на ЈО од ОЈО Кавадарци за понатамошна постапка.