Полицијата приведе разбојник од Арачиново кој од март до август оваа година извршил четири кривични дела, информираат од МВР.
-Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар при СВР Скопје, по претходни сознанија за сторени повеќе кривични дела на подрачјето на ЕВР Центар, денеска (26.09) го приведоа С.Ф. (22) од с. Арачиново, Скопско. Тој заедно со уште едно лице, во периодот од март до август оваа година извршил четири кривични дела: две разбојништва, едно разбојништво во обид и една тешка кражба на дрзок начин.