Полициски службеници од Полициската станица Неготино денеска околу 10:30 часот на улица „Индустриска“ во Неготино го лишиле од слобода П.Ц.(24) од Неготино, поради тоа што околу 8.00 часот со закана со остар предмет од вработени во казино во градот одзел пари и побегнал.

Како што соопшти МВР, при преглед кај него биле пронајдени парите и биле вратени во казиното. П.Ц. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.