Според информациите од МВР, сè почнало со пријавата дека 40-годишниот Д.Ѓ. од Скопје бил физички нападнат од малолетник во дворот од неговата куќа, Веднаш по пријавата, полицијата ги затекнала четворицата малолетници, од кои двajцa биле во безсознание и консумирале алкохол и психотропни супстанци.
„На местото на настанот биле пронајдени и остатоци од работи кои ги консумирале, за кои дополнително ќе се врши вештачење за да се утврди нивната содржина“, велат од МВР.
Малолетниците со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Клиниката за токсикологија, а јавен обвинител излегол на лице место. Полицијата потоа го привела Д.Ѓ..
Од МВР велат дека во тек е увид под раководство на јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
Претходно од Клиниката за токсикологија информираа дека децата се во стабилна состојба. Станува збор за две момчиња и две девојчиња на возраст од 14 до 17 години. По лабораториска анализа кај сите било докажано присуство на психоактивни супстанци, а не било докажано присуство на алкохол. Децата немаат сериозни повреди.