На 02/03.01.2026 во Скопје, на подрачјата на општина Аеродром и Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.П.(48) од Скопје, Д.Ж.(18) од с.Бразда, општина Чучер-Сандево и Џ.Ф.(28) од Република Турција.

Приведени се затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 03.01.2026 во 01:30 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа С.Р.(26) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.