На 19.12.2025 во 03:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Ѓ.С.(44) и А.С.(40), двајцата од Скопје.

Ѓ.С. физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, додека пак А.С. се однесувал агресивно кон полициските службеници.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.