Попладнево во 14.50 часот во село Доброште, Тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце, врз основа на судска наредба, го привеле А.А.(62) од село Доброште, кој се барал со потерница за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 став 2 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Лицето, како што се посочува, ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Затвор-Тетово.