Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, денеска формираше комисија за ослободување на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга Силија Флорес, кои американските специјални сили ги приведоа во Каракас и ги префрлија во Њујорк.
Министерот за информации на Венецуела, Фреди Нањез, соопшти дека е формирана „комисија на високо ниво“, на чие чело ќе биде претседателот на венецуелскиот парламент Хорхе Родригез, а членови ќе бидат министерот за надворешни работи Иван Хил и самиот Нањез.
Мадуро, пишува американскиот весник „Баронс“, кого Соединетите Американски Држави го обвинуваат за кривични дела поврзани со трговија со дрога и тероризам, се наоѓа во притворен центар во Њујорк, а денеска треба да се појави пред суд.




