ПРИВРЕМЕНИОТ ЛИДЕР НА ХЕЗБОЛАХ: Ги поддржуваме плановите за прекин на огнот со Израел

/ 08.10.2024

Привремениот лидер и заменик на убиениот лидер на Хезболах, Хасан Насрала, Наим Касем денеска изјави дека групата ги поддржува напорите и плановите за прекин на огнот во конфликтот со Израел долж либанско-израелската граница.

Касем ги наведе обидите на претседателот на парламентот Набих Бери да обезбеди крај на борбите, за разлика од новите напади на Израел во југозападен Либан и по воздушните напади во областа Дахие во Бејрут, рече Касем.

Касем, исто така, рече дека Хезболах се уште е организиран, дека оди напред, но исто така призна дека Хезболах не ги надминал „болните удари“, пренесе Индекс.

Конфликтот меѓу Израел и Хезболах трае веќе со недели, а светот се плаши од ескалација и ширење на конфликтот меѓу Израел и Иран, кој го поддржува Хезболах.


Од истата категорија