Втората лига во Италија е привремено стопирана додека не се донесе конечна одлука за бројот на тимови кои ќе се натпреваруваат таму.
Од Лигата решија да ја скратат бројката на тимовите од 22 на 20, односно при 19 останати на крајот од сезоната, да додадат еден тим од третата лига. Но, од фудбалската федерација на Италија не презедоа таков чекор, и ја блокираа одлуката на Лигата. Документи да бидат вклучени во првенството поднеле Катанија, Новара, Сиена, Тернана, Про Верчели и Виртус Ланчиано.
Спорот стигна до Олимпискиот комитет на Италија (КОНИ), чија Комисија за жалби почна да заседава, но се уште не е јасно дали КОНИ има право да донесе одлука и поради тоа првенството започна со 19 тима. Сега, сепак, стано јасно дека првенството е привремено прекинато.
Реално ова е последна можност да се направи некаква промена, бидејќи и првенствата во Серија „Ц“, кои ги има три на број, почнуваат и има тимови кои се уште не ги одиграле своите натпревари.