Граѓаните на скопската населба Хром во знак на револт поради брусењето на македонските симболи од јавните површини и плоштадите од страна на власта на СДСМ, го поставија Сонцето од Кутлеш на маалското игралиште.
Тие, како што објави порталот Курир, велат дека македонските симболи се гордост на секој граѓанин и тие не смеат да бидат сквернавени од страна на ненародната власт.
Жителите на општина Ѓорче Петров се препознатливи по патриотизмот и овој пат тоа го докажаа со овој убав чин. Идејата за Македонија продолжува да живее.