Иако на денешното рочиште се очекуваше завршницата за случајот „Тотал ТВ“, сепак тоа не се случи поради отсуство на дел од вештите лица.

Сослушани беа двајца, а на следното рочиште закажано за 3 април, дополнително ќе бидат сослушани уште останатите двајца… Тогаш, оштетениот во случајот и неговиот бранител се надеваат на конечен исход, објави Канал 5.

– Покрај обидот на одбраната да вади од котекст одредени заклучоци и мислења на вештите лица, но во нивните крајни мислења и заклучоци сепак стои дека обвинетиот не постапил согласно Закон за трговски друштва и одлуката на содружниците,- – Кирил Мирчевски – адвокат на оштетениот .

Обвинителката во случајот Лидија Раичевиќ објаснува дека претходното вештачење на Јавно обвинителство било оспорено од страна на одбраната, по што следуваат овие сослушувања…

-Секоја постапка впечатокот е дека долго трае, меѓутоа кога судењата се квалитетни, исполнети со содржина и со работа од час и половина ефективна работа во судницата таа не е долга, значи времето за нејзино оддржување во тоа време е потребно,- -Лидија Раичевиќ – обвинител.

Присутен на денешното судење како јавност беше и адвокатот Дејан Богданов кој за Канал 5 потврди дека уште еден малцински содружник во Тотал ТВ кој тој го застапува поднел Кривична пријава до Јавното обвинителство против управителот на компанијата Никола Тасев.

-Се надеваме дека во што е можно најскоро време таа кривична пријава ќе биде активирана, ќе бидат превземени понатамошни дејствија и секако таа постапка нема да се одоговлекува како оваа и дека таму секако ќе докажеме дека оштетениот претрпел штета бидејки на собранието на содржужници не е испочитувана волјата на малцинскиот содружник којшто сега е пријавител и сметаме таму дека се сторени голем број на пропусти,- – Дејан Богданов- адвокат.

Никола Тасев е обвинет дека во периодот од 2015 до 2017 година спротивно на Законот за трговските друштва, без да свика собир на содружници склучувал договори, со што нанел штета на правното лице од над 500 илјади евра. На претходното рочиште минатиот месец по пресметки на вештото лице, штетата врз содружникот беше зголемена на 800 илјади евра.