Матурантите во Македонија го продолжуваат бојкот на наставата.
Тие, како што објави ТВ Сител, бараат годинава да не се полага државна матура, но бараат и да се подобри наставната програма.
Матурантите, кои поради пандемијата изгубија дел од наставата, сметаат дека не се соодветно подготвени за да ја полагаат матурата во услови кога учебната година започна со еден месец задоцнување и наставата се спроведува комбинирано и од далечина.
Доколку Министерството за образование не ги чуе нивните барања матурантите велат дека нема да запрат со бојкотот на наставата.