Продолжи изградбата на гасоводот „Северен тек 2“, кој треба да го удвои капацитетот на природен гас што се пренесува од Русија до Германија преку Балтичко Море, соопшти портпаролот на компанијата, јави ДПА.

Тој прецизираше дека се завршени над 90 отсто од изградбата на гасоводот.

Изградбата беше прекината минатата година, откако САД воведоа санкции за овој проект, велејќи дека гасоводот ќе ја загрози безбедноста на Европската унија со зголемување на зависноста од Русија.