Несогласувањата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и технолошкиот милијардер Илон Маск, често опишувани како судир меѓу најмоќниот и најбогатиот човек во светот, достигна нова ескалација откако сопственикот на Тесла, Спејс Икс и Старлинк, објави дека ќе формира нова политичка партија, претставувајќи ја како предизвик за двопратискиот систем на републиканците и демократите.

Трамп на платформата Х објави дека името на третата политика опоција ќе биде Американска партија, но не прецизира дали партијата е формално регистрирана кај изборните власти на САД. Маск, кој е роден надвор од САД и затоа не е може да се кандидира за претседател, не кажува кој ќе ја води.

Тој првпат ја најави можноста за формирање партија за време на неговата јавна расправа со Трамп, откако ја напушти должноста во администрацијата и започна жестока дебата со својот поранешен сојузник.

За време на таа расправа, Маск објави анкета на X прашувајќи ги корисниците дали треба да има нова политичка партија во САД.

Повикувајќи се на таа анкета во својот пост во саботата, Маск напиша: „Со фактор 2 спрема 1, сакате нова политичка партија и ќе ја имате!“.

– Кога станува збор за банкротирање на нашата земја со расипништво и корупција, ние живееме во еднопартиски систем, а не во демократија. Денес, Американската партија е формирана за да ви ја врати слободата, наведува Маск.

Федералната изборна комисија досега не објави документи што укажуваат дека партијата е формално регистрирана.

Би-Би-Би во коментар на најавата на Маск за формирање партија, неведува дека и претходно имало „познати играчи“ надвор од традиционалниот двопартиски систем во американската политика, но праксата досега покажа дека е тешко да добијат доволно силна национална популарност за да претставуваат вистинска закана за републиканците и демократите.

На претседателските избори минатата година, кандидатите од Либертаријанската партија, Зелената партија и Народната партија се обидуваа залудно да го спречат Трамп или неговата демократска ривалка Камала Харис, да победат.

Маск до неодамна беше клучен поддржувач на Трамп, танцувајќи покрај него за време на изборните митинзи минатата година и носејќи го својот четиригодишен син да се сретне со Трамп во Овалната соба.

Тој беше и клучен финансиски поддржувач на Трамп. Маск потроши 250 милиони долари (187 милиони фунти) за да му помогне на Трамп да ја врати функцијата.

По изборите, тој беше назначен да го води таканаречениот Оддел за владина ефикасност (Доџ), кој имаше задача да идентификува големи намалувања во федералниот буџет.

Неговиот конфликт со Трамп започна кога тој ја напушти администрацијата во мај и јавно ги критикуваше плановите на Трамп за даноци и трошоци.

Законот, кој Трамп го нарече свој „голем, прекрасен закон“, беше тесно усвоен од Конгресот и потпишан од претседателот оваа недела.

Огромниот закон, посoчува Би-Би-Си, вклучува огромни обврски за трошење и намалување на даноците, и се проценува дека ќе додаде повеќе од 3 трилиони долари на дефицитот на САД во следната деценија.

Клучно за Маск, кој е сопственик на гигантот за електрични возила Тесла, е што законот на Трамп не се фокусира на зелена транзиција или субвенции за производи како Тесла.

„Елон можеби ќе добие повеќе субвенции од кое било човечко суштество во историјата, досега. Без субвенции, Илон веројатно ќе мора да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка“, напиша Трамп на својата  социјална мрежа Truth Social.

Трамп се закани дека Доџ ќе ги разгледа субвенциите кои ги користеле компаниите на Маск, алудирајќи и на другите бизниси на милијардерот.

Маск е исто така сопственик и на Спејс Икс, компанијата која лансира ракети за американската влада, како и на Старлинк, кој обезбедува сателитски услуги за американските и европските одбранбени сили.

Засега нема коментар од Трамп или од Белата куќа за објавата на Маск. Спорот со Трамп доведе до неколку нагли падови на цената на акциите на Тесла.

Акциите скокнаа по реизборот на Трамп во ноември и достигнаа максимум од повеќе од 488 долари во декември, пред да изгубат повеќе од половина од својата вредност во април и да завршат минатата недела на 315,35 долари.

Во политичките анализи што ги објавуваат медиумите во САД, главно се нагласува дека и покрај длабоките џебови на Маск, сепак, разбивањето на републиканско-демократскиот дуопол ќе биде тешка задача, со оглед на тоа што доминира во американскиот политички живот повеќе од 160 години.са/

Извор: МИА

Фото: МИА архива, принтскрин Х