Проф. д-р Драган Даниловски поставува дилема зошто расте смртноста од канцер во период кога е набавена биолошка терапија.

– Ако во 2019 година е набавена биолошката терапија за болните од малигни заболувања, смртноста во 2020 и 2021* година би требало значајно да опаѓа. Наместо тоа, таа расте! Видете ги графиконите. Зошто?- прашува епидемиологот Даниловски.

*Податоците за 2022 година Институтот за јавно здравје ќе ги објави во почетокот на 2024 година.

Извор: Институт за јавно здравје, публикација „Рак во РС Македонија“, страници 10 и 11.