Јавна тајна е дека се бара мито од пациенти во државното здравство, вели поранешниот министер за здравство Д-р Драган Даниловски во изјава за ТВ Канал 5.
– Тоа што е дадена можност на определени категории доктори да имаат дополнителна дејност е направено за да се помогне на пациентите, но да се помогне и на докторите кои размислуваат да заминат во приватното здравство или во странство, за да остварат дополнителен приход во рамки на државното здравство кај што се вработени. Но, кај нас контрола нема и не е тајна дека не е проблем само наведувањето на пациентите да се оперираат приватно во државната установа, туку јавна тајна е дека бараат пари од пациенти коишто се закажани за интервенција во регуларни термини во државно здравство, вели Даниловски.
Можноста докторите во државното здравство да извршуваат и приватни интервенции вон работно време, е законски дозволена. Според законот, дополнителна дејност може да обавува само специјалист којшто има минимум две години искуство, има критериуми да биде успешен во работата што се евалуира преку одредени критериуми и од друга страна, не смее да има повеќе од 10 интервенцик во тек на еден месец.
Целата изјава на Даниловски може да ја слушнете во видеото кое може да го отворите ТУКА.