Проф д-р Мишо Нетков (Скопје, 1950), редовен професор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности „Еуропа Прима“ во Скопје, деновиве го депонираше неговиот 40-годишен документаристички опус во Кинотеката на Република Македонија.
Документаристичкиот труд на Нетков е врзан за Македонската телевизија, каде што се вработил во 1974 година како соработник на Гого Ивановски, основоположник и идеен творец на македонската телевизиска документаристика. Речиси 4 години го учел занаетот од него, а потоа започнал самостојно да прави емисии. Во МТВ останал творел до пензионирањето 2014 година, поминувајќи ги скалилата од помлад соработник во Редакцијата за документарната програма до одговорен уредник на програмата. Ги поминал сите новинарски фази и бил 40 години во редакцијата, што е редок случај во новинарството.
Неговиот авторски опус во документаристиката што сега се наоѓа во депото на Кинотека се состои околу 500 емисии во формат ВХС, СВХС, Бета, Мини ДВ. До сега објавил и 9 книги, кои на некој начин се поврзани со неговото творештво. Во документарните материјалите станува збор за целосниот креативен опус што го имам творено 40 години од разни жанрови: документарни емисии, документарни филмови, етнофилмови, докуменатарни драми и документарни есеи. Во депото на Кинотеката се депонирани сировите материјали кои се монтирани во емисиите, а се снимени, во најголем дел, со негова лична камера во Македонија, Европа, Африка, Азија и Северна Америка (Канада и САД). Нивниот формат главно е СВХС и Мини ДВ.
Најчестите теми кои Нетков ги третирал во неговиот документаристички опус се од историјата, етнологијата, а посебно ја обработувал, цели 20 години, македонската дијаспора низ светот, снимајќи ги речиси сите позначајни настани, собири, конференции и личности кои се интересни за Македонија.
Нетков во неговото авторско портфолио бележи и 14 престижни меѓународни награди по разни фестивали во светот. Само филмот „Дијалог со мртвите“, чиј сценарист е Нетков, а режисер Благоја Марковски, има добиено 6 награди на фестивалите во Источна Европа. Нетков членувал во повеќе интернационални жирија во Македонија и во странство на фестивали за документаристика.
Порано се говореше за успешната документаристичка школа на МТВ. Нетков вели дека извонредно квалитетната и меѓународно етаблираната македонска документарна школа – изградена и оформена во МТВ токму од нејзиниот творец Гого Ивановски – била наследена од неколку имиња кои оставиле значајни траги, меѓу кои спаѓаат Сталин Лозановски, Иван Андреевски, Мето Николовски, Тања Битољану, Оливера Христова, Гордана Бошњаковска, Никола Т. Калајџиски и други.
Во периодот, пак, кога Нетков бил одговорен уредник на документарната програма, таа броела 5 редакции, а нејзиниот годишен производен капацитет бележел од 200 до 250 документарни единици, со 9 премиерни емисии секоја седмица! Нетков потенцира дека се работи за една извонредно сложена, повеќеслојна тематска структура, почнувајќи до специјализирани емисии, документарни емисии, филмови и репортажи.
За актуелната македонска ТВ документаристика Нетков вели дека е многу занемарена и не е третирана сериозно, што мисли дека и не постои. Смета дека политиката си го направила своето.
Од 2014 година бил пасивно вклучен во наставните активности на Универзитетот „Еуропа Прима“, бидејќи другарувал со колегата-документарист Љубе Цветановски, брат на ректорот Јордан Плевнеш. Од 2015 година веќе е вклучен во наставата со предметите Документарен филм, Медиумска култура и Аудиовизуелно архивирање со заштита.
Главните работи на кои ги учи студентите ги срочува кратко и јасно: „Вистината секогаш треба да дојде до израз!“.