Лекциите од Виетнамската војна доста ни кажуваат како Вашингтон ќе се откаже од својата прокси војна со Русија во Украина, а потоа како тоа ќе му го продаде на американскиот народ, пишува Џозеф М. Сиракуза, професор и декан на Универзитетот Кетрин, за за Скај њуз.

Според Сиракуза, САД не извлекле поуки од историјата.

Во статијата тој ги споредува грешките на САД во Виетнам со состојбата во Украина и опишува како во времето на војната во Виетнам високите американски челници морале да се правдаат пред граѓаните.

– Една работа за Виетнамската војна остана константна: ниту еден политичар, креатор на политика или аналитичар никогаш сериозно не тврдел дека САД можеле да ја добијат Виетнамската војна. Меѓутоа, тие во тоа време, и оттогаш, понудија огромен број причини зошто е тоа така, објаснува Сиракуза во текстот и дава цитати од тогашните високи политичари како Линдон Б. Џонсон и други.

А потоа, како што пренесе Експрес, заклучува:

– При повлекувањето од Украина ќе го имаме истото чувство на жалење – тоа чувство дека САД се претерано посветени на војна во која не ѝ е работа да победи, како заклучок кој доаѓа од борбената улога на САД во југоисточна Азија, пишува Сиракуза.

Кога Американците излегоа од Виетнам? Пред 50 години, кога на Париската мировна конференција се согласија да ги повлечат сите војници и советници.

Во Виетнам загинале 350.000 Американци од кои 40.000 биле убиени во борба. Виетнамските жртви достигнуваат 2 милиона.

Целата статија може да ја отворите ТУКА.