Поранешниот висок функционер на СДСМ, бивш министер и амбасадор во Бугарија, проф. д-р Ѓорѓи Спасов денеска објави кус поучен расказ. Неговиот автобиографски расказ, го пренесуваме во целост, онака како што Спасов го објави на Фејсбук:

Магаре едно

– кус расказ-

Се сеќавам, мајка ми имаше набрано две кеси со пиперки од бавчата во дворот. Беа повеќето ситни како од последна берба и до нив имаше спремено за нас во Скопје, за мене синот, снаата и внучето, кеса полна со домати и кеса со модри патлиџани моркови и малку магданос.

Тргнав кон колата и кога го видов сето тоа речи си се развикав нервозно:”Добро бе мамо нели ти реков дека не ни требаат.Сега во Скопје се е толку евтино а нема и кај да ги ставам”. Одеднаш ја снема неа од дворот и додека ги пакував другите ситници во багажот се појави татко ми.

Дојди малку-ми рече, и влезе во куќата. Одам јас а тој лут како никогаш што го немав видено.

“Магаре едно. Земи ги сите оние работи мајка ти што ти ги спремила и збор да не сум слушнал. Таа цело лето ги вадеше ги пазеше ги чуваше само за вас и сега тебе не ти требале.Ене ја плаче во собата. Еднаш треба да научиш колку тоа и значи. А ако не ти требаат фрли ги.Но имај почит кон онаа грижа и мисла за вас додека ги садела вадела и берела.”
Истиот момент ја сфатив големата грешка. Ме облеа срам и излегов веднаш од куќата

Ги собрав и ги спакував во колата сите наполнети кеси со зеленчук од мајка ми. На одење ја прегрнав цврсто во знак на извинување.

Но секогаш кога во животот ќе направев нешто за што и самиот ќе оценев дека не е в ред и дека некого со тоа може да повредам во мене одѕвонуваше гласот на татко ми:” Магаре едно”.