Универзитетската професорка д-р Јасна Котеска побара оставка од министерката за образование Мила Царовска, порачувајќи и дека реформите кои ги најавува во оваа област се назадни.
-Како професор кој од 2020-2023 ги координира образовните политики на Нордиска платформа за скандинавски научници со цел постигање УНЕСКО 2050 за Нордиските земји, најодговорно тврдам дека политиките на Мила Царовска се назадни. Барам истите да се запрат пред 20 јануари 2021. Да сумирам. 1. Мила смислила 10-то летка без науки додека дојдат бугарските учебници по историја. 2. На Филолошки без писмен допис се планирале две научни гранки: лингвистика и литература, ама македонскиот да бил тек дел од гранките. Ова е тоа што го викаат таен државен удар? Мила Царовска треба итно да даде оставка на местото Министер за образование и наука. Првпат барам оставка од МОН, но Мила НЕ СМЕЕ веќе да биде на чело на МОН. Промените се крајно потребни, но ова е се’ обратно од тоа што бараме со децении и е скарадно. Апсолутно стојам зад ова, објави Котеска на Твитер.