Наместо Бујар Османи и Артан Груби и други во Владата да не убедуваат колку е добар францускиот предлог, тие нека се откажат од албанскиот идентитет, порача професорката на Правниот факултет во Скопје, д-р Тања Каракамишева.

– Наместо Бујар Османи и Артан Груби и други во Владата да не убедуваат колку е добар францускиот предлог еве предлагам тие први, по сопствена волја, како за пример, нека се откажат од албанскиот идентитет, од албанскиот јазик, историја, историски личности, нека се откажат да бидат Албанци! Не, а?- објави проф. Каракамишева на својот профил на Фејсбук.