Истражувањата покажуваат дека најголемиот број од учениците не се свесни за функционалноста на нивните знаења во секојдневниот живот, вели Анита Штерјоска Митреска, професорка од Педагошкиот факултет во Скопје и авторка на единствениот македонски научен труд за функционална писменост, објавува Гласот на Америка.
-Ние имаме ученици кои што постигнуваат завидни резултати на меѓународни натпревари, меѓутоа ако го земеме целокупниот впечаток и она што го покажуваат истражувањата дека најголем број на учениците не се свесни за функционалноста на нивните знаења во секојдневниот живот. Во доменот на математичката писменост имаме состојби кога учениците совршено решаваат задачи од областа на процентите, меѓутоа тие не успеваат да ја пресметаат цената на чинење на парче облека доколку таа е зголемена или намалена за 30 проценти, токму во овој дел ја гледаме функционалната страна на писменоста, вели Штерјоска Митреска.
Таа вели дека користењето на социјалните мрежи довело до нова појава кај учениците за нижење на зборови без да ги организираат во една логична мисловна целина и не користат интерпункциски знаци.
Извор: Гласот на Америка