Многу луѓе во Бугарија, тврдат дека имаат дарба да видат идни настани и факти, да гледаат човечки судбина – и уште повеќе, да ги корегираат тие судбини.
Меѓутоа, малкумина од нив имаат докази дека такви способности навистина поседуваат.
Кај Звездна нештата не стојат така – јасновидството и е дарба многукратно потврдена со времето. Нејзината способност е со голем дијапазон – од сосема лични нешта кои се однесуваат на одреден човек, до глобални проблеми на општеството и човештвото.
Звездна постојано се усовршува и образува. Затоа, таа се приближува до идеалниот модел на психолог-специјалист, кој ги познава класичните научни методи, хипотези и теории, но не застанува и не се ограниува во тие рамки, туку истражува и бара и други законитости и правила на човековото поведение, на човековата мисловна и емоционална дејност.
Таа го разработува својот метод за реализирање на човековата мисла со насоченост кон хармонизирање на духовно-енергетската суштина на човекот и неговите материјални параметри и изјави.
Дури и најделовните луѓе, кои се во сферата на чисто материјалните категории, би требало да ги чујат советите на Звездна. Според мене, тие совети се гаранција за успех, но не успех по секоја цена, туку успех кој значи сатисфакција.
Проферор Врбка Обрецова, Универзитетска болница „Царица Јоана“ – Софија