Проф. д-р Мимоза Рајл
Во месецот на жените, мора да освестиме некои работи:
1. Стигма и осуда ако жената се разведе (види ја оваа не може да остане во брак);
2. Стигма и осуда доколку жената си пресуди (види ја сигурно е ненормална) ова НИКАКО не е решение;
3. Стигма и осуда ако жената е успешна (види ја оваа кој и ги чува децата);
4. Стигма и осуда ако жената седи дома и се посвети на семејството (види ја оваа сака да се закачи друг да ја издржува);
5. Стигма и осуда ако жената се дотерува (види ја оваа брка мажи);
6. Стигма и осуда ако жената е запуштена (види ја бабетинава);
7. Најдобра си ако седиш, ќутиш, траеш, молчиш и носиш пари! Е па, потоа болести, трауми, деца емотивни инвалиди!
Време е да почнеме самите да се почитуваме!
Излезот не е во т.н. неолибералистички феминизам (читај проституизам), туку во свесноста дека жената е личност која вреди и мора секој да ја ПОЧИТУВА! Без почит и чување на достоинството кое мора да започне со САМОПОЧИТ за каква рамноправност ние говориме?
Да, мора менталитетот на понижување да запре глобално, но се започнува од поединката (жената) и нејзиниот СТАВ!
Жена си, заслужуваш почит!




