ПРОФЕСОР ПО БАЛЕТ ВО БРИТАНИЈА: Сексуално злоставувал девојчиња, тие мислеле дека е принц на бел коњ

/ 24.11.2023

Џонатан Бартон (41) е обвинет дека сексуално злоставувал и довел во заблуда неколку девојчиња додека држел часови по балет во училиште во Аргил, Велика Британија.

Една од наводните жртви имала само 15 години кога започнало злоставувањето, додека другите биле на возраст меѓу 16 и 18 години.

Бартон е обвинет за повеќекратен секс со две ученички во училиште за танц и за сексуално злоставување на седум тинејџерки меѓу 2004 и 2019 година.

На судот во Дамбартон се слушнала жена која како тинејџерка, на 16-годишна возраст, за прв пат почнала да оди на часови кај Џонатан. Таа се приклучила на групата во 2006 година, но другите девојки многу ја исмејувале, па таа сакала да се откаже од танцувањето. Сепак, Бартон ја убедил да остане на училиште.

Жената истакнала дека Бартон бил исклучително „харизматичен“ и дека мислела дека се во врска, иако тој имал девојка која работела со него во училиштето. Меѓутоа, кога сакала сериозно да ја сфати нивната врска, Џонатан ја одбил и раскинале во 2007 година.

– Џонатан навистина ми беше голема поддршка кога сакав да се откажам. Ме зеде под своја закрила и се грижеше за мене. Првиот пат кога имавме секс во неговата спална соба се гушкавме до 5 сабајле, но тој ме замоли да си одам дома преку терасата – раскажала жената.

Жената вели дека нејзините деца ја натерале да оди во полиција во 2020 година и да го пријави случајот.

– Кога станав родител, се прашував дали тоа што го имавме е афера, затоа што тој има девојка или јас сум жртвата. Тоа е како да ти е испран мозокот. Имам само изговор за него бидејќи ми обрнуваше внимание кога бев ранлива, но се прашувам дали можеби само ја искористи мојата ситуација – рекла жената.

Како што се наведува, жената цело време за време на нивната неофицијална врска мислела дека „го запознала принцот на бел коњ“.

Бартон пред судот се изјасни за невин по обвиненијата.


Од истата категорија