Европската комисија почнува со нова иницијатива за поддршка за уметниците од Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.
Со пет милиони евра Европската комисија ќе ги поддржува уметниците и културните организации во Украина преку програмата Креативна Европа во 2023.
Со ова на Украина и се помага да биде дел од Креативна Европа и да ја подготви поствоената состојба во областа на уметноста и културата.
Комесарката за култура, Марија Габриел, истакна дека „културата ни помага да се справиме со трауматични настани“ и дека таа е суштински дел од нашите животи.
– Многу сум задоволна што ќе придонесеме да им се помогне на раселените Украинци во војната да имаат пристап до културата, рече таа.
Три проекти ќе бидат избрани за финансирање во соработка со други земји учеснички во програмата Креативна Европа заедно со украинските организации.
Повикот е отворен до 29 ноември.