ПРОГРАМА ЗА ПРАЗНУВАЊЕТО НА ВЕЛИГДЕН 2020
на Црковната Општина „Св. Петар и Павле“ – Ѓ. Петров
Браќа и сестри, во Христа за нас распнатиот и воскреснатиот, Ве известуваме дека редоследот на богослужбите во храмот „Свети Петар и Павле“ – Ѓорче Петров, во оваа вонредна состојба е следниот:
16 април 2020/ Велики Четврток – Литургијата ќе се служи со ограничен број на верници, а останатите ќе можат да присуствуваат на истата надвор од храмот заштитени со маски и ракавици и застанати на дефинираната раздалеченост едни од други.
Светата Причест, секој од подготвените верници, ќе може да ја примат од 8 до 10 часот во духот на горенаведената претпазливост!
17 април 2020/ Велики Петок – од 7 до 16 часот секој верник, индивидуално, во храмот, може да се поклони на Плаштаницата, да се ПОКЛОНИ ПРЕД ХРИСТОС, за нас распнатиот и воскреснатиот!
Во и околу храмот ќе бидат свештенослужителите со кои верниците ќе можат, индивидуално, на дефинираната раздалеченост, да разговараат, да се исповедат, да побараат совет, молитва, потткрепа во ова вознемирувачко време!
18 април 2020/ Велика Сабота/ На Богослужбите, поради избегнување на масовно собирање, ќе учествуваат само свештенослужителите!
За верниците од православна христијанска вероисповед, како и за сите граѓани на Р. Македонија важи превентивниот полициски час во контекст на заштита од инфекција од вирусот КОВИД 19!
19 април 2020/ Недела/ Воскресение Христово/ На Богослужбите, поради избегнување на масовно собирање, ќе учествуваат само свештенослужителите!
За верниците од православна христијанска вероисповед, како и за сите граѓани на Р. Македонија важи превентивниот полициски час во контекст на заштита од инфекција од вирусот КОВИД 19!
20 април 2020/ Понеделник/ Воскресение Христово/ На Богослужбите, поради избегнување на масовно собирање, ќе учествуваат само свештенослужителите!
За верниците од православна христијанска вероисповед, како и за сите граѓани на Р. Македонија важи превентивниот полициски час во контекст на заштита од инфекција од вирусот КОВИД 19!
21 април 2020/ Вторник/ Воскресение Христово/ Празничната Литургија ќе се служи со ограничен број на верници, а останатите ќе можат да присуствуваат на истата надвор од храмот заштитени со маски и ракавици и застанати на дефинираната раздалеченост едни од други. Светата Причест, секој од подготвените верници, ќе може да ја примат од 8 до 10 часот во духот на горенаведената претпазливост!
Браќа и сестри, светиот апостол Јован во своето прво посление го пишува следното:
„Ние знаеме дека преминавме од смрт во живот, бидејќи ги сакаме браќата/ ближните свои; оној што не го сака братот/ ближниот свој, тој пребива во смртта.
Секој, што го мрази братот свој/ бижниот свој, е човекоубиец; и познато ви е дека ниеден човекоубиец нема живот вечен, што ќе пребива во него.
Љубовта ја познаваме по тоа, што Тој /Христос/ ја положи за нас душата своја; но и ние сме должни да ги полагаме душите свои за браќата/ за ближните свои. (1. Јован. 3, 14 – 16)
Во духот на заповедтта од светиот апостол во однос на нашата ЉУБОВ и ОДГОВОРНОСТ кон нашите ближни, кон нашите сограѓани, а и свесни за состојбата со пандемијата која го измачува целиот свет, а и нашата Македонија, нашето Скопје, а и нашето Ѓорче, оваа година празнувањето на спомен денот на Христовата крсна откупителна жртва и Неговото Воскресение ќе биде прилагодено во однос на реалноста со која се соочуваме!
Во деновите определени за вашето учество во Светата Причест дојдете во наведеното време и почитувајте ги мерките за заштита!
На Велика Сабота од 23 часот и 45 минути до 00 часот и 15 минути, во времето кога радосно го ЗАСВЕДОЧУВАМЕ ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ, на вашите балкони, со свеќа во рака – како симбол на светлината, животот и победата над смртта – и со радосно пеење на тропарот на Воскресението СИТЕ заедно да засведочиме дека живееме во и со радоста на ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО!
Но, и да не заборавиме, како ученици и следбеници Христови, дека во овие збунувачки и тешки времиња особено е потребно нашата љубов кон Господа да ја сведочиме и кон нашите ближни, особено кон оние кои се на првата линија на борба против епидемијата – медицинските лица, полицајците, продавачите, снабдувачите, но и кон сиромашните, старите, осамените и КОН СИТЕ оние кои се гладни и жедни за љубов, внимание, помош, потткрепа!
—
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!
—
Од свештеното братство на Црковната Општина
„Св. Петар и Павле“ – Ѓорче Петров/ МПЦ – ОА