Фабриката Мирабел во гратчето Грудиг кај Салцбург денеска по повеќе од еден век го запре производството на „Моцарт топки“, шест месеци по најавата на производителот на кондиторски производи „Салцбург чоколада“ дека ќе престане со работа.

Машините кои од денеска се во мирување нема да останат долго во Гродиг со оглед на тоа што се продаваат на купувачи ширум светот, објави австрискиот портал Puls24.

„Најдовме околу 30 различни купувачи; машините се продаваат во Европа, надвор од Европа до Египет и Маурициус“, изјави за „Моргенжурнал“ генералниот директор Фридрих Плаил.

Сепак, како што наведе, прашањето за зградата се уште е отворено.

„Во моментов сме во разговори со две заинтересирани страни, но на маса нема конкретна понуда за купување“, рече Плаил.

Сопственикот на американскиот бренд Mondelez ќе продолжи да произведува топки Мирабел Моцарт, но не се знае каде.

„Многу сме заинтересирани да знаеме каде ќе се произведуваат Моцарт топките во иднина, но за жал тоа не ни е кажано и покрај постојаното барање“, рече извршниот директор.

Фабричката продажба во Гродиг засега продолжи и ќе продолжи се додека има стока. Синдикатот упати остри критики бидејќи нема социјален план за 65 вработени, а минатата недела се одржа протест пред фабриката.

Според „Salzburger Nahrichten“, продажбата на имотот е насочена кон подмирување на неплатените побарувања на доверителите кои произлегуваат од несолвентноста на компанијата од 2021 година.

„Моцартовите топки“ ги измислил слаткарот од Салцбург Пол Фурст во 1890 година. Слаткарницата во Салцбург постои и денес и сега е петта генерација што ги продава оригиналните салцбуршки „Моцарт топки“.